Црвената полумесечина негира дека во болницата Ал Кудс има вооружени лица / Photo: AA

Палестинската Црвена полумесечина синоќа издаде соопштение во кое ги негира израелските тврдења за присуство на палестински вооружени лица во болницата Ал Кудс во Газа.

Црвената полумесечина ги осуди „лажните наводи на (израелската) окупаторска армија за вооружени лица кои пукале од внатрешноста на болницата Ал Кудс."

Ваквите тврдења за „поттик да се таргетира болницата“ ги сметаат како јаснен показател за кршење на меѓународното хуманитарно право.

Претходно во понеделникот, портпаролот на израелската армија Авичај Адраи во изјава тврдеше дека израелската армија била нападната со РПГ оган и пукање од болницата Ал-Кудс.

Организацијата на Црвената полумесечина во неделата соопшти дека болницата Ал Кудс престанала со работа поради недостаток на гориво и електрична енергија, но многу жители на Газа се засолниле во болницата, надевајќи се дека нејзиниот статус на цивилна установа ќе ја поштеди од напади.

Од неделата, локалните власти во Газа соопштија дека 22 од 34 болници во енклавата не се во употреба како резултат на нападот на Израел.

Израелскиот напад на Појасот Газа влезе во својот 38-ми ден. Според најновите податоци на палестинските власти, загинаа најмалку 11.180 Палестинци, вклучувајќи над 7.700 жени и деца, а повеќе од 28.200 други се повредени.

Илјадници згради, вклучувајќи болници, џамии и цркви, исто така се оштетени или уништени во немилосрдните воздушни и копнени напади на Израел врз опколената енклава од минатиот месец.

Во меѓувреме, бројот на загинати во Израел е скоро 1.200, според официјалните бројки.

TRT Balkan / агенции
Популарни