Ова е најнова имплементација на израелскиот „Протокол Ханибал“, кој вклучува убивање и на цивили за да се спречи да бидат земени како заложници / Photo: AA

Израелка изјави дека за време на нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел, војската опколила куќа во која биле членови на палестинската група и Израелци и отворила оган врз куќата од тенкови, при што сите ги убила.

Се чини дека тоа е најновата имплементација на „Протоколот Ханибал“, кој вклучува убивање на затвореници држени од непријателот за да се спречи израелските цивили да бидат земени во Појасот Газа како заложници.

Израелските медиуми објавија претходно овој месец дека 12-годишното девојче, Лиел Хецрони, било убиено во напад на Хамас врз кибуцот Бери на 7 октомври.

Според извештаите, по убиството на Лиел, нејзиниот дедо Авија, братот близнак Јанаи и тетката Ајала биле одведени на друга локација, каде што биле убиени заедно со повеќе од десетина други заложници, а потоа Хамас наводно ја запалил куќата.

Израелските власти соопштија дека биле потребни две недели за да се идентификува Јанаи преку ДНК, додека Лиел, чие тело беше изгорено до непрепознатливост, беше идентификувано по шест недели.

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет на својот X профил сподели дека Лиел бил „убиен од чудовишта на Хамас“ на 7 октомври.

Во куќата беа цивили

Јасмин Порат, којај бил во куќата каде што биле држени близнаците како заложници, сподели детали од денот на инцидентот во радио интервју за израелската јавна телевизија КАН на 15 ноември.

Порат изјави дека куќата во која била со членови на Хамас била опколена од израелски безбедносни сили, дека имало жестоки судири и дека по извесно време еден од членовите на Хамас решил да се предаде и излегол заедно со неа.

Порат рече дека израелските безбедносни сили ја испрашувале неа и припадникот на Хамас и дека за време на распитот, кој траел три часа, ги информирала за бројот на цивили во куќата, каде што биле чувани, како и за техничките детали што таа можеше да ги запомни.

Таа истакна дека судирите продолжиле за време на сослушувањето и рече дека тенк пристигнал пред куќата околу 19.30 часот по локално време по околу четири часа вкрстен оган меѓу израелската армија и Хамас.

„Помислив: „Зошто пукаат во куќата од тенк? Ги прашав луѓето што беа со мене: „Зошто пукаат?“ Ми рекоа: „Тие пукаат за да ги срушат ѕидовите за да ја исчистат куќата од членовите на Хамас“, рече Порат.

Девојчето престана да вреска откако беа испукани два проектила

„Знам дека од тенкот се испукани два проектила“, рече Порат, додавајќи дека истото го заклучила и од она што и го кажал Хадас Даган, друг преживеан и сопственик на куќата во која биле заложниците.

Порат истакна дека Даган ѝ рекол дека Лиел била жива додека не се случиле две големи експлозии откако тенкот пристигнал.

„Сопственикот на куќата ми рече дека Лиел не престанала да вреска сите тие часови. Реков: „Се сеќавам. Бев таму првиот час и таа не престана да вреска“. Тогаш тој ми рече: „Јасмин, престана да вреска по тие два истрели. Потоа настана тишина“, изјави Порат.

Таа додаде дека од разговорот со Хадас разбрала дека речиси сите загинале по испуканите проектили.

Порат изјави дека на фотографиите по инцидентот видела запален дел од куќата, а за смртта на Лиел рекла:

„„Ако ме прашувате мене, претпоставувам врз основа на она што се случило во другите куќи, таа очигледно била целосно изгорена“.

Откритие на израелскиот пилот

Претходно и пилот на израелските вооружени сили рече дека војската го применила „Протоколот Ханибал“ за време на ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври.

Извештаите на израелските медиуми за големи цивилни жртви за време на нападот на Хамас и израелски воени хеликоптери кои пукаа врз палестински борци и цивили на музичкиот фестивал во близина на Појасот Газа, доведоа до дебата за тоа дали војската го применила протоколот.

Во интервју за израелскиот дневен весник Харец, потполковникот Ноф Ерез го привлече вниманието на можноста дека израелските сили кои реагираа на нападот на Хамас го користеле овој протокол.

Според Ерез, „Протоколот Ханибал“ или „Директивата Ханибал“, за која се верува дека Израел ја суспендирал во 2016 година, израелската војска го формулирала пред 30 години врз основа на настаните во Либан.

„Директивата Ханибал“ е контроверзна процедура што ја користат Израелските одбранбени сили (ИДФ) за да го спречат заробувањето на израелските војници од непријателските сили. Според оваа директива, „киднапирањето мора да се запре со сите средства, дури и по цена да се нападнат и да им наштети на сопствените сили“. Директивата беше воведена во 1986 година по бројните киднапирања на војници на ИДФ во Либан и контроверзната размена на затвореници.

„Протоколот Ханибал“ е намерен и ако се донесе одлука за негово спроведување, намерно е спроведен. Ако затворениците биле застрелани ненамерно, тоа е друга работа“, рече Ерез за нападот на 7 октомври.

Тој истакна дека се уште не е познато дали заложниците биле застрелани или не кога воените авиони и беспилотните летала почнале да отвораат оган на денот на нападот на Хамас.

„Изгледа дека „Протоколот Ханибал“ бил имплементиран во одреден момент, бидејќи кога ќе откриете заложничка ситуација, тогаш тоа е „Ханибал“, но протоколот што го вежбаме во последните 20 години е поврзан само со едно возило со заложници во него. Она што го видовме овде беше масивен „Ханибал“. Имаше многу отвори во оградите, имаше илјадници луѓе во разни возила, со и без заложници“, рече воениот пилот.

Ерез беше отпуштен на 31 октомври по неговите критики на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Портпаролот на израелската војска објави дека Ерез бил отпуштен откако разговарал за „политички прашања“ додека бил на активна воена служба.

Израелски медиуми

Харец на 19 ноември објави информација за безбедносната проценка на израелските безбедносни службеници во врска со нападот на Хамас од Појасот Газа на 7 октомври.

Во извештајот на високи израелски безбедносни функционери, заснован на досиејата од сослушувањето на Хамас и полициската истрага за нападот, се наведува дека Хамас немал претходно знаење за музичкиот фестивал, кој се одржува во близина на Појасот Газа.

Во текстот се наведува дека полициската истрага покажала дека најголем дел од посетителите на фестивалот успеале да побегнат бидејќи одлуката е да се прекине забавата половина час пред да се чуе првиот истрел.

Понатаму се тврди дека истрагата открила дека израелски воен хеликоптер, додека отворал оган врз членовите на Хамас, пукал и врз цивили.

„Според полициски извор, истрагата покажува дека борбен хеликоптер на израелската армија пристигнал на местото на настанот и очигледно отворил оган врз терористите, пукајќи и во некои учесници на фестивалот. Според полицијата, на фестивалот биле убиени 364 лица,“ се наведува во текстот.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ објави и извештај за моментите кога интервенирале хеликоптери на израелските воздухопловни сили при нападот на Хамас на 7 октомври.

„На терористите на Хамас им беше наложено полека да се вклопат во толпата и да не се движат под никакви околности. Затоа тие се обидоа да ги измамат воздухопловните сили да веруваат дека се Израелци. Оваа измама функционираше некое време додека хеликоптерите „Апачи“ не мораа да се ослободат од сите ограничувања. Кога пилотите сфатија дека е тешко да се направи разлика кој е терорист, а кој Израелец, некои од нив решија околу девет часот сами, без дозвола на нивните претпоставени да употребат проектили против терористите“, се наведува.

Цензура на вести од Газа

Израелската полиција ги предупреди националните медиуми, кои објавија дека израелски цивили можеби биле убиени додека израелски воени хеликоптери интервенирале за време на нападот на Хамас на 7 октомври.

Портпаролот на израелската полиција излезе со соопштение во врска со текстот на весникот „Харец“ за истрагата спроведена во врска со тоа што се случи на фестивалот на 7 октомври.

Во соопштението се наведува дека и покрај тврдењето на весникот, полициската истрага не ги спомнала активностите на израелската армија.

„Според тоа, нема индикации дека некоја воздушна активност во областа предизвикала штета на цивилите“, соопшти израелската полиција, додавајќи:

„Посебно во овој период ги повикуваме медиумите да покажат одговорност при известувањето и да ги базираат своите вести само на официјални извори.

Во писмо до медиумите на 26 октомври, Канцеларијата за воена цензура на Дирекцијата за воено разузнавање на израелската армија воведе забрана за вести за Газа и побара од медиумите да ги испратат сите вести и визуелни материјали за војната и воените активности до Единицата за цензура пред објавувањето.

Израел започна масовна воена кампања во Појасот Газа по прекуграничен напад на Хамас на 7 октомври. Оттогаш, најмалку 14.854 Палестинци се убиени, меѓу кои 6.150 деца и повеќе од 4.000 жени.

Официјалниот број на загинати во Израел е 1.200.


AA
Популарни