Третото издание на Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ) закажано за март одложено е за некој друг термин. / Photo: antalyadf.org

Третото издание на Дипломатскиот форум во Анталија (АДФ), закажано за март, одложен е за некој друг термин оваа година поради разорните земјотреси што на 6 февруари го погодија југот на Туркије и во кои загинаа повеќе од 36.000 лица.

„Туркије сега мора да се фокусира на помошта на оние кои се погодени од земјотресите и на обнова на тој регион. Во овие околности, мораме да објавиме одложување на третото издание на АДФ за последниот квартал во оваа година“, соопштија организаторите. „Изразуваме искрена благодарност до сите наши пријатели кои беа со нас во овој тежок момент“.

Годишната конференција требаше да се одржи од 10 до 12 март.

TRT Balkan / агенции
Популарни