Слични нешта се случуваат и во другите баталјони што се борат во Појасот Газа / Фото: AA

Дваесет израелски војници одбиле да се вратат во војната во Појасот Газа, при што некои од нив биле предупредени дека ќе бидат пратени на воен суд доколку не го сторат тоа.

Израелската државна телевизија КАН објави дека оваа недела околу 20 војници од израелската пешадиска бригада побарале да не се вратат во судирите во Газа.

Во веста во која се вели дека приближно 10 војници на 27 август добиле известување дека ќе им се суди за одбивање воена наредба доколку не се согласат да се вратат во Појасот Газа, некои од војници рекле дека нема да се вратат во Газа, каде што судирите траат веќе 10 месеци, но подготвени се да извршуваат други задачи.

Телевизијата КАН објави дека слични нешта се случуваат и во другите баталјони што се борат во Појасот Газа, а семејствата на дел од војниците рекле дека нивните синови се принудени да учествуваат во копнената операција во Газа или ќе одат в затвор.

На оваа тема неименуван армиски портпарол за телевизијата КАН рекол дека командантите што се на должност во армијата вложиле максимални напори да ги поддржат и да им помогнат на војниците да продолжат да извршуваат различни оперативни задачи.

Портпаролот истакнал дека нема да бидат изречени кривични санкции, вклучително и затворски казни за војниците.

AA
Популарни