Во нападите на Хезболах на границата со Либан се убиени 13 израелски војници од 8. октомври лани / Photo: AA

Израелската армија во вторникот соопшти дека двајца нејзини војници биле убиени во северен Израел во напад со дрон на либанската група Хезболах.

Израелската армија соопшти дека нападот со беспилотно летало насочен кон позиција на израелската армија во близина на населбата Метула се случил во понеделникот попладне.

Во соопштението на израелската војска се вели дека се обиделе да го пресретнат дронот, но не успеале, што резултирало со убиството на двајцата војници и ранување на уште еден војник.

Според информативната веб-страница „Тајмс оф Израел“, по вчерашниот напад на Хезболан билансот е 13 израелски војници убиени во нападите на границата со Либан од 8. октомври лани, покрај девет убиени цивили.

Во понеделникот Хезболах ја презеде одговорноста за нападот со беспилотно летало, чија цел беше воена позиција јужно од Метула, при што освен убиени војници има и оштетени неколку возила.

Тензиите се зголемија долж границата на Либан со Израел поради прекуграничните напади меѓу Хезболах и израелските сили додека Тел Авив продолжува со својата смртоносна офанзива на Појасот Газа, во која загинаа повеќе од 34.700 луѓе од октомври минатата година по нападот на Хамас.

AA
Популарни