Единствениот центар за дијализа во Газа целосно уништен по војната / Фото: AFP

Центарот за дијализа Нура Ал-Кааби, единствениот центар за дијализа во северниот дел на Појасот Газа, целосно е уништен откако израелската армија се повлече од енклавата по повеќе од една година, известува Анадолу.

По изралеското уништување на центарот неупотребливи се 80 апарати за дијализа.

Израелската армија складирала муниција и ја користела зградата како воена база за време на нејзината офанзива врз енклавата.

Центарот кој порано опслужуваше повеќе од 1.600 Палестинци кои страдаат од бубрежна инсуфициенција, беше подложен на големо уништување. Животите на многу пациенти се загрозени поради колапсот на здравствениот систем во појасот Газа разурнат од војната.

Првичната шестнеделна фаза од тековниот договор за прекин на огнот во Газа започна на 19 јануари, со што е запрена израелската војна, во која се убиени повеќе од 47.500 луѓе и ја остави енклавата во урнатини, предизвикувајќи масовното раселување на цивилното население и сериозен недостиг на секојдневни потреби.

Меѓународниот кривичен суд во ноември издаде налози за апсење за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговата војна врз паелстинската енклава.

AA
Популарни