Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафах претходно овој месец, бидејќи ја засили својата воена офанзива во областа, предизвикувајќи критики од Египет / Photo: Reuters

Припадник на египетските безбедносни сили е убиен во престрелка во близина на граничниот премин Рафах меѓу Египет и Појасот Газа, а истрагата е во тек, изјави портпаролот на израелската војска во соопштението.

Израелската војска претходно соопшти дека ги истражува извештаите за размена на оган меѓу израелските и египетските војници.

„Пред неколку часа имаше инцидент со пукање на границата со Египет. Инцидентот се истражува и се разговара со Египќаните“, се вели во соопштението на израелската војска.

Израел ја презеде контролата врз граничниот премин Рафах претходно овој месец, бидејќи ја засили својата воена офанзива во областа, предизвикувајќи критики од Египет.

Египет е загрижен дека офанзивата би можела да предизвика бран бегалци од јужниот дел на Газа на нејзина територија и упорно го обвинува Израел за блокирање на хуманитарната помош да стигне до енклавата, што Израел го негира.

Египетските извори за катарскиот медиум Ал Џадед изјавија дека ИД прв пукал, а Израелците тврдат дека реагирале на истрелите испукани кон нив од египетските војници.

Подоцна во понеделникот и Египет се огласи и потврди дека еден од нивните војници бил убиен во престрелка на границата со Газа.

„Египетските вооружени сили спроведуваат истрага преку надлежните органи во врска со инцидентот со пукање во пограничната област во Рафах, што доведе до убиство на еден наш војник“, објавија египетските воени служби на Х без да го споменат Израел.

TRT Balkan / агенции
Популарни