Цената на израелската војна против Палестинците во Газа може да се смета на неколку начини: во човечки загуби, во загуби на инфраструктура и во штета на целиот екосистем на регионот.
Во однос на човечкиот биланс, повеќе од 24.000 Палестинци беа брутално убиени во Газа од страна на израелската армија од октомври, од кои речиси половина беа деца. Повеќе од 100 новинари се убиени во јасен обид да се замолчат медиумите и да се спречи светот да дознае што се случува на теренот.
Кога станува збор за структурни оштетувања, инфраструктурата на поголемиот дел од регионот е целосно уништена, со болници, електрани, училишта вон функција или разнесени на парчиња. Околу 20 од 22 болници во северниот дел на Газа се оштетени или уништени во приближно три месеци од израелските напади.
Потоа, тука е еколошката цена, која исто така ја загрозува иднината на луѓето во Газа.
Квалитетот на воздухот што милиони луѓе се принудени да го дишат е значително намален, бидејќи месеците на бомбардирање го оставија полн со честици од урнатините, чад, пепел и мирис на тела што се распаѓаат по улиците и под урнатините. Има болест во воздухот и загадување во водата за пиење.
И пред војната, водата во регионот веќе беше практично недзрава за пиење поради загадувањето, како и потрошените водоносни слоеви. Околу 95 отсто од населението на Газа нема пристап до чиста вода.
Минатиот месец Израел почна да ги поплавува подземните тунели во Газа со морска вода, дополнително загрозувајќи го и онака оскудното снабдување со вода во регионот и потенцијално оштетувајќи ги водоносните слоеви и почвата.
Солта во водата може да ја стерилизира почвата во Газа, а исто така има и можни влијанија врз темелите на зградите - оние што Израел сè уште не ги бомбардирал.
Војната во Газа ги забрзува климатските промени
Од глобална перспектива, војната во Газа исто така ги забрзува климатските промени. Гардијан известува дека над 99 отсто од 281.000 метрички тони јаглерод диоксид генерирани во првите 60 дена од војната би можеле „да се припишат на воздушното бомбардирање на Израел и копнената инвазија на Газа“.
Студиите покажуваат дека воената индустрија е меѓу најголемите индустриски загадувачи во светот, придонесувајќи со 2.750 милиони тони јаглерод диоксид, или 5,5 отсто од сите емисии на стакленички гасови.
Војната често вклучува распоредување на големи воени сили, кои трошат огромни количини на фосилни горива. Ова ја вклучува не само енергијата потребна за воени операции, туку и за производство и транспорт на оружје, опрема и материјали. Согорувањето на фосилните горива ослободува стакленички гасови како јаглерод диоксид (ЦO2) во атмосферата, придонесувајќи за зголемен ефект на стаклена градина и глобалното затоплување.
Дополнително, животната средина е засегната кога инфраструктурата, вклучувајќи ги фабриките, електраните и транспортните системи се намерно цел за време на конфликти, или ако тие завршат како колатерална штета од воени дејства.
Уништувањето на таквата инфраструктура може да го ослободи складираниот јаглерод во атмосферата и да ги наруши локалните екосистеми, придонесувајќи за деградација на животната средина и климатските промени. Ова го гледаме во Газа, како и последиците од срамнетите болници, кои исто така може да предизвикаат распрснување на био-отпадот во воздухот и расфрлање низ целиот регион.
Друг еколошки проблем со војната е тоа што бара значителни ресурси, вклучувајќи материјали за оружје, енергија за воени операции и вода за војниците. Извлекувањето и користењето на овие ресурси може да придонесе за деградација на животната средина, уништување на живеалиштата и ослободување на дополнителни стакленички гасови.
Конфликтот, исто така, често води до масовни миграции и раселување на населението. Ова поместување може да резултира со зголемен притисок врз животната средина во прифатните области, што доведува до прекумерна експлоатација на природните ресурси и придонесува за климатските промени.
Војните може да доведат до избувнување на неконтролирани пожари, или намерно подметнати како воена стратегија или како резултат на колатерална штета. Овие пожари испуштаат големи количини на јаглерод диоксид и други загадувачи во атмосферата.
Газа е под опсада, бомбардирана и сѐ соочува со деградација на животната средина повеќе од 16 години. Сегашната војна уништи голем дел од инфраструктурата во регионот, како и земјоделско земјиште. Солената вода што се користи за поплавување на тунелите може да им оневозможи на преживеаните да се занимаваат со земјоделство, додека токсичниот чад и честичките од урнатините и муницијата предизвикуваат дополнителна катастрофа.
Ако од една страна прекинот на огнот може да спаси животи, од друга страна, животната средина во Газа е веќе сериозно загрозена. Во меѓувреме, активистите се поделени.
Индустриско загадување и деградација на животната средина
Грета Тунберг неодамна беше цел на кампања на омраза во Германија поради тоа што зборуваше за Палестина и направи јасна врска меѓу животната средина и човековите права. Во Амстердам, маж ѝ грабнал микрофон од рацете за да го замолчи нејзиниот став за Палестина.
Сепак, човековите права се неразделни од одбраната на животната средина. Етничкото чистење, војната, употребата на бомби и спонзорството на воената индустрија придонесуваат енормно за климатските промени и климатската катастрофа. Уште повеќе, колективното казнување, воените злосторства и геноцидот се некомпатибилни со кој било поим за правда - дури и климатска правда.
Покрај очигледното насилство и загубата на животи, ваквите злосторства ја компромитираат глобалната соработка, промовираат понатамошна експлоатација на ресурсите, го поткопуваат одржливиот развој и дестабилизираат цели региони - што влијае, на пример, врз земјоделството. Веќе ги видовме страшните глобални последици по нарушувањето на синџирот на исхрана откако Русија ја започна својата војна против Украина.
Израелско-палестинскиот конфликт му нанесе тежок удар на деликатниот екосистем на Газа, влошувајќи ја и онака страшната еколошка ситуација. Од намерното поплавување на тунелите до потенцијалната стерилизација на почвата, последиците од воените злосторства одекнуваат низ регионот, кои влијаат на квалитетот на водата, земјоделските површини и загадувањето на воздухот.
Еколошката војна на Израел во Газа не само што нанесува непосредни човечки загуби и структурно уништување, туку претставува и сериозна закана за иднината на Газа преку индустриско загадување и деградација на животната средина.
Ова влијае на квалитетот на воздухот и изворите на вода неопходни за милиони жители. Уништувањето на инфраструктурата за време на конфликтот ослободува складиран јаглерод и ги нарушува локалните екосистеми, што дополнително придонесува за деградација на животната средина.
Врската помеѓу вооружените конфликти и климатските промени е непобитна, при што глобалните последици од воените дејства значително придонесуваат за емисиите на стакленички гасови, исцрпувањето на ресурсите и раселувањето на населението.
Додека светот се бори со непосредната криза за човековите права, не смее да ја занемари суштинската поврзаност помеѓу деградацијата на животната средина, правдата и итната потреба за глобална соработка. Тековниот конфликт не само што ги компромитира животите и средствата за живот, туку дополнително ги продлабочува испреплетените предизвици на климатските промени.