Екстремно ниски температури го зафатија североисточниот дел на Туркије, а преку ноќта во Ардахан е измерена најниската температура на воздухот од -31 степен Целзиусов.
Во градот Ерзурум патиштата и тротоарите се прекриени со лед поради ниските температури.
Луѓето едвај се движеа, а за време на престојот надвор, на косата, веѓите и трепките, како и на капите и на шаловите се формираше иње.
Ниските температури имаат негативно влијание врз секојдневниот живот, а во многу градови, потоците и езерата се заледени.
TRT Balkan / агенции