Хуманоста, совеста и сочувството беа погребани во Сребреница пред 27 години, изјави денес првата дама на Туркије по повод 27-годишнината од геноцидот во Сребреница.
„Нема да го заборавиме болното плачење на бошњачките мајки и деца кои го гледаа протерувањето и убивањето на нивните татковци. Со сочувство се сеќаваме на нашите браќа и сестри кои беа убиени во геноцидот“, рече Емине Ердоган.
Денес со колективен погреб на посмртните останки ќе бидат погребани 50 жртви на геноцидот.
На гробиштата во Меморијалниот центар Сребреница-Поточари досега се погребани 6.671 жртва од геноцидот кој тогашната војска на Република Српска (РС), паравоени и полициски формации од Србија и РС под команда на воениот злосторник Ратко Младиќ го извршија над Бошњаците во Сребреница во 1995 година.