Израелската радиодифузна управа (КАН) доцна во неделата емитуваше аудио снимка од двајца од тројцата израелски заложници во Газа, кои беа убиени од израелската армија во декември минатата година, додека молеле да бидат спасени.
На снимката се слуша како еден од заложниците, Алон Шамриз вика: „Помош!...Помош! До скалите сме, под скали! Под скалите! Ве молиме помогнете!“
Армијата ја добила снимката од камерата ГоПро која била поставена на куче од нејзината единица, кое било испратена на локацијата на заложниците, но палестинските борци го убиле, објави КАН.
На 18 декември минатата година, израелската армија објави „случајно“ убиство на тројца заложници кои беа приведени од палестински борци во Појасот Газа, бидејќи заложниците беа „по грешка идентификувани“ како „закана“ и убиени.
Тоа беа Јотам Хаим (28), Алон Шамриз (26) и Самер Талалка (22).
Според КАН, двајцата заложници кои се слушнале на снимката се Хаим и Шамриз.
Во петокот, бригадите Ал-Касам, вооруженото крило на палестинската група Хамас, објавија дека седум израелски заложници во нивни притвор биле убиени во напад на израелската армија, со што се вкупниот број заложници во Газа убиени од оган на израелската армија се зголеми на 70.
Пред да го објави убиството на седумте израелски заложници, Тел Авив процени дека во Газа има 134 израелски заложници, додека Израел држел најмалку 8.800 Палестинци во своите затвори, според официјални извори од двете страни.
Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по прекуграничниот упад на палестинската група Хамас на 7 октомври.
Израелската војна турна 85 отсто од населението на Газа во внатрешно раселување поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена, според ОН.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.