Ердоган: Џамијата Ал Акса е црвената линија на Туркије / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата остро го осуди израелскиот напад на џамијата Ал Акса во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим).

„Туркије не може да молчи пред нападите. Посегнувањето рака кон џамијата Ал Акса и газењето на светоста на Харам ал-Шариф е нашата црвена линија“, рече Ердоган по ифтарската вечера со пензионерите во главниот град Анкара.

Изјавата на претседателот Ердоган следуваше откако тензиите ескалираа кога израелската полиција приведе околу 350 верници од внатрешноста на комплексот џамија Ал Акса.

Група Палестинци се забарикадира во рамките на молитвениот простор Ал-Кибли во комплексот на џамијата Ал-Акса откако еврејските доселеници повикаа на рација во џамијата. Се обидоа да ја спречат полицијата да влезе така што ги затворија вратите.

Опкружувајќи го молитвениот простор Ал-Кибли, израелската полиција се качи на кровот на џамијата, ги искрши прозорците и наеднаш употреби звучни бомби против верниците кои беа внатре.

Некои луѓе во џамијата се обидоа да и се спротивстават на полицијата фрлајќи огномет.

„Ги осудувам подмолните дела против првата кибла на муслиманите и повикувам нападите да запрат што е можно поскоро“, рече Ердоган.

Изјавувајќи дека Израел следи политика на угнетување, Ердоган додаде дека палестинскиот народ не е сам.

TRT Balkan / агенции
Популарни