Ердоган повтори дека Туркије од самиот почеток го поддржува територијалниот интегритет, единството и унитарната структура на Сирија / Photo: AA

Туркије, како единствена земја од НАТО која директно се бореше против ДАЕШ, ќе ги спречи обидите на терористичката организација ПКК и нејзините ограноци да ја искористат моменталната ситуација во Сирија и во регионот, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на средба со американскиот државен секретар Антони Блинкен во Анкара.

Ердоган и Блинкен разговараа за односите меѓу Туркије и САД, за најновите случувања во Сирија и за регионални и глобални прашања.

Ердоган му рекол на Блинкен дека Туркије ќе преземе мерки заради националната безбедност против терористичките организации како што се ПКК/ПЈД/ЈПГ и ДАЕШ кои дејствуваат во Сирија, соопшти турската Дирекција за комуникации.

Претседателот на Туркије повтори дека неговата земја од самиот почеток го поддржува територијалниот интегритет, единството и унитарната структура на Сирија.

Ердоган му рече на Блинкен дека меѓународната заедница треба да работи заедно за обновување и реконструкција на институциите во Сирија.

На средбата со Блинкен, Ердоган рече дека Туркије никогаш нема да си дозволи да се поколеба во борбата против терористичката организација ДАЕШ.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен се заблагодари на Туркије за посредништвото и конструктивната улога во договорот меѓу Сомалија и Етиопија.

„Им благодариме на Туркије за нејзиното водство во посредувањето во овој договор“, рече Блинкен во изјавата.

Тој додаде дека американската администрација го поздравува договорот со кој се потврдува суверенитетот, единството, независноста и територијалниот интегритет на Сомалија и Етиопија и се предвидува соработка во согласност со заедничките интереси.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата во Анкара беше домаќин на неговиот сомалиски колега Хасан Шеик Мохамуд и етиопскиот премиер Абија Ахмед пред тројцата лидери да ја издадат Декларацијата од Анкара.

„Го направивме првиот чекор кон нов почеток заснован на мир и соработка меѓу Сомалија и Етиопија“, рече Ердоган на заедничката прес-конференција во турската престолнина.

TRT Balkan / агенции
Популарни