Ердоган: Земјите кои обезбедуваат оружје и муниција за Израел да се воздржат од соучесништво во злосторствата во Газа / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги повика земјите кои продолжуваат да му доставуваат оружје на Израел да го прекинат своето соучесништво во неговите злосторства во повеќемесечната смртоносна офанзива врз Појасот Газа.

„Земјите кои обезбедуваат муниција и поддршка со оружје за масакрите на Израел сега мора да се воздржат од соучесништво во овие злосторства“, рече Ердоган за време на заедничката прес-конференција во Анкара со неговиот узбекистански колега Шавкат Мирзијоев.

Поттикнувајќи ја меѓународната заедница за која вели дека не направила доволно за да се стави крај на масакрот во Газа, Ердоган исто така ги повика сите совесни и одговорни страни дa помогнат да се постигне итен прекин на огнот во Газа.

Израел започна брутална офанзива врз Газа од седми октомври по нападот на Хамас и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот

Оттогаш, околу 36.600 Палестинци се убиени во Газа, повеќето жени и деца, а над 83.000 други се повредени, според локалните здравствени власти.

Осум месеци по израелската војна, огромни делови од Газа беа во урнатини и со блокада на храна, чиста вода и лекови

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине својата операција во јужниот град Рафах, каде што повеќе од милион Палестинци побараа засолниште од војната.

TRT Balkan / агенции
Популарни