Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес во Сочи, Русија, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Ердоган денес ќе престојува во еднодневна работна посета на Русија на покана на претседател Путин, соопшти денес Канцеларијата за комуникации при турското Претсдателство.
На средбата на Ердоган со Путин ќе се разговара за билатералните односи меѓу Туркије и Русија во сите нивни димензии, и ќе се разменат мислења за актуелни глобални и регионални прашања.