Туркије планира да изгради 319.000 куќи во една година, во регионот погоден од земјотресите, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, додавајќи дека сега почнала изградбата на 56.323 куќи . / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган истакна дека ќе бидат залечени раните предизвикани од силните земјотреси кои минатиот месец го погодија јужното подрачје на земјата и однесоа повеќе од 50.000 животи.

„Деноноќно работиме за да ги залечиме раните предизвикани од земјотресот во срцата на милиони наши граѓани“, рече Ердоган на церемонијата на поставување камен-темелник за изградба на станбени единици во областа Адијаман.

Туркије планира да изгради 319.000 куќи во една година, во регионот погоден од земјотресите, рече Ердоган.

„Од една страна воспоставуваме простори за привремено сместување, а од друга срана тргнуваме со изградба на станови“, рече Ердоган, додавајќи дека досега започнала изградбата на 56.323 станбени единици.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец го погодија југот на Туркије достигна 50.096.

Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Турција беа погодени од разорните земјотреси, како и многу други во северна Сирија.

TRT Balkan / агенции
Популарни