Движењето кон дигитално-центричен свет се обидува да формира нова религија со нанесување штета на абрахамските религии, особено на исламот, предупреди денес турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Дигиталното движење се обидува да формира нова, вештачка религија со целење и поткопување на сите аврамски религии, особено исламот“, рече Ердоган говорејќи на 7. Верски совет што се одржа во турската престолнина Анкара.
„Исламот е цементот на секоја раса во регионов, дух на братството што ни го даде. Нашата заедничка религија е таа што ги држи заедно, особено Турците, Курдите и Арапите. Дигиталниот свет уништувајќи ги сите вредности на глобално ниво, директно ги зема за цел муслиманите, особено сунитското верување“, рече Ердоган.
Тој, исто така, повика на мерки за заштита на муслиманските вредности од паѓање во „дигитални системи на верување“.
„Мора да се преземат и да се спроведат итни мерки за да се заштитат сите муслимански вредности од дигиталните системи на верување“, рече Ердоган и додаде:
„Мораме да разбереме дека дигиталниот свет не е само капиталистичка алатка, не е само за правење пари, не е само за забава.“