Конфликтот во Украина воопшто не е сличен на она што се случува во Газа, рече Путин / Photo: AA

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека конфликтот во Украина воопшто не е сличен на она што се случува во Појасот Газа, во кој веќе два месеца Израел спроведува напади.

„Ние само зборувавме за ситуацијата поврзана со украинската криза. Но вие, сите присутни овде и целиот свет гледате. Погледнете ја специјалната воена операција во Украина и што се случува во Газа и почувствувајте ја разликата. Во Украина нема ништо слично“, рече Путин за време на годишната телевизиска прес-конференција во Москва.

Потоа Путин изјави дека настаните во Појасот Газа претставуваат „катастрофа“, укажувајќи на коментарите на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, кој рече дека енклавата станала „најголема гробница на деца во светот“.

„Ова е објективна процена, што можам да кажам тука“, рече Путин.

Путин, исто така, рече дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган игра водечка улога во решавањето на ситуацијата во Газа.

„Тој, се разбира, е еден од лидерите на меѓународната заедница што обрнува внимание на оваа трагедија и прави сѐ за да се осигури дека ситуацијата ќе се промени на подобро за да се создадат услови за долгорочен мир“, додаде Путин.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади на Појасот Газа со неселективно бомбардирање на цивилни населби, станбени објекти, џамии, цркви и болници по неочекуваниот напад од страна на Хамас на 7. октомври.

Од почетокот на израелските напади на Појасот Газа на 7 октомври досега се убиени 18.608 Палестинци, а ранети се над 50.594 лица, објавија здравствените власти на палестинската енклава.

AA
Популарни