Туркије дејствува со стратешка перспектива кон полноправно членство во ЕУ, му порача турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на неговиот француски колега Емануел Макрон при денешната средба во Будимпешта каде се одржува Самитот на европската политичка заедница.
“Ердоган, исто така, ја подвлече потребата од ревитализација на процесот на пристапување на земјата-кандидат, соопшти Директоратот за комуникации на Туркије”.
Ердоган ги пренел очекувањата на Анкара ЕУ да ја ажурира Царинската унија со Туркије и да ги исполни ветувањата до Анкара за визна либерализација за турските државјани.
Двајцата лидери разговарале и за регионални и глобални прашања.
“Укажувајќи на длабоко вкоренетата историја меѓу Анкара и Париз, Ердоган подвлече дека унапредувањето на трговските и економските односи ќе биде заемно корисно за двете земји. Претседателот Ердоган изјави дека е во интерес на сите земји да ги решат тензиите меѓу Украина и Русија, Израел и Палестина и Израел и Либан преку мирна дипломатија“, додаде Дирекцијата.