Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во пресрет на вториот круг од претседателските избори во Туркије, што ќе се одржат на 28 мај, изјави дека неговата Народна алијанса веќе започнала со подготовките.
Волјата искажана на гласачките места е светост. Нашата Алијанса веднаш почна да се подготвува за изборите за 28 мај. Денес имав состаноци со сите партиски челници, рече Ердоган во текот на гостувањето во живо на „Си-Ен-Ен Турк“ и „Канал Д“.
„Секогаш тоа го говорев, а сега ќе го повторам, кога ние победуваме никој во оваа држава нема да загуби“, рече Ердоган и додаде:
„Сите анкети пропаднаа. Се појавија десетици лажни анкети. Мојот народ ја покажа вистинската анкета на 14 мај, мојот народ ќе ја направи финалната анкета и на 28 мај.“
Тој додаде дека секогаш биле искрени во ветувањата кон граѓаните.
„Ние ја водевме нашата кампања врз принципите на чесност, вистина и братство. Секогаш бевме чесни и праведни кон нашиот народ, не лажевме и не кажувавме само празни приказни. Никогаш не го ветувавме она што не можевме да го исполниме. Ние никогаш не ја потценивме интелигенцијата, мудроста и предвидливоста на нашата нација. Остануваме на сите ветувања што ги дадовме на предизборните митинзи“, рече Ердоган.
Милиони гласачи излегоа во неделата на гласачките места за да гласаат за претседател и членовите на парламентот кој се состои од 600 места.
Народнат алијанса предводена од владејачката Партија на правдата и развојот (АК Партија) освои мнозинство во парламентот.
На претседателските избори ниту еден кандидат не освои мнозинство гласови поради што во новата изборба трка на 28 мај ќе оди актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој во првиот круг освои 49,5 % од гласовите и водачот на турската опозиција Кемал Киличдароглу кој во првиот круг освои 44,89 % гласови. Стапката на излезност на изборите во земјата изнесуваше 88,92 %, а излезноста на турските државјани во странство изнесуваше 52,69 %.
Ердоган посебно ја поздрави големата излезност и им се заблагодари на гласачите на излезноста на изборите во неделата и додаде дека очекува исто и во вториот круг од претседателските избори на 28 мај.
„Би сакал да им се заблагодарам на граѓаните на рекордната излезност. Имавме прекрасен празник на демократијата кој и доликува на Туркије. Би можел да биде единствен на светот“, рече Ердоган. На крајот истакна дека не размислува многу за митинзи и дека е важно да продолжи да им се овозможува поддршката на граѓаните погодени од земјотресите.
„Овој викенд ќе посетам некои од местата погодени од земјотресот. Не размислувам многу за одржување на собири, но можеме да одржиме состаноци и во регионот погоден од земјотресите“, рече актуелниот турски претседател.
Ердоган истакна дека и понатаму ќе одржува контакти со сите светски лидери во согласност со интересите на Туркије.