Eдна од моралните должности е и заштита на приватноста и статусот на Ал Акса, рече Ердоган / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган порача дека во контекс на палестинското прашање и случувањата во Газа, неговата земја прави значително повеќе од она што на прв поглед изгледа и дека ќе продолжи да го прави тоа.

Ердоган на социјалната мрежа Х наведе дека Република Туркије никогаш не ги оставила, ниту во иднина ќе ги остави сами своите беспомошни браќа Палестинци во Газа.

„Наша должност е да ги спасиме нашите палестински браќа и сестри од израелското угнетување и да ги запреме масакрите што се случуваат во Газа пред очите на целиот свет“, нагласи Ердоган.

Претседателот на Туркије истакна дека е човечка должност да се процесуираат убиците на деца, мајки и недолжни ширум палестинската територија, како и крадците кои го земаат имотот на угнетените.

„Наша одговорност пред историјата е во секоја пригода кога ќе ги согледаме, гласно да ги именуваме и сите кои ги поддржуваат оние кои го прават овој неморален, бескрупулозен, одвратен масакр во Газа“, порача Ердоган.

Ердоган наведе дека една од моралните должности е и заштита на приватноста и статусот на Ал Акса, првото кибле (правец во кој се молат верниците) на муслиманите и тоа на начин да се почитуваат и правата на припадниците на другите вери.

AA
Популарни