Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја повтори својата одлучност да ги излекува раните на жртвите од разорните земјотреси кои на 6 февруари го погодија јужниот регион на земјата и однесоа повеќе од 50.000 животи.
„Се надевам дека ќе ги излегуваме своите рани што е можно поскоро. Ќе ги обновиме нашите градови уништени во земјотресите“, рече Ердоган на церемонијата во Истанбул.
Тој истакна дека Туркије планира да изгради доволно згради за година дена да ги задоволи потребите на жртвите од земјотресите. Ердоган додаде дека во првата година ќе бидат изградени 319.000 куќи, а вкупно 650.000.
Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февурари го погодија јужниот регион на Туркије со епицентар во Кахриманмараш.
Бројот на загинатите во разорните земјотреси кои на почетокот на февруари го погодија југот на Туркије достигна 50.096. Околу 14 милиони луѓе во Туркије погодени се со разорни земјотреси, како и многумина на северот на Сирија.