Ердоган е изборот на турскиот народ за претседател од 2014 година

Ердоган е изборот на турскиот народ за претседател од 2014 година

За девет години Ердоган победи на три претседателски избори
Реџеп Таип Ердоган е изборот на народот на Туркије за престедател од претседателските избори во 2014 година / Photo: AA

Реџеп Таип Ердоган трет пат е избран за претседател на Туркије и ќе остане на оваа позиција во наредните пет години, откако победи на последните избори одржани во неделата.

По уставниот амандман од 2007 година, со цел претседателот да биде директно избран од народот, на 10 август 2014 година, турскиот народ за првпат излезе на гласање на претседателски избори.

Претседателот Реџеп Таип Ердоган, кој доби 51,79 отсто од гласовите на изборите, беше избран за 12-ти претседател на Република Туркије.

На претседателските избори на 24 јуни 2018 година, Ердоган имаше чиста победа против другите кандидати Мухарем Инџе, Мерал Акшенер, Селахатин Демирташ, Темел Карамолаоглу и Догу Перинчек, со 52,59 отсто од гласовите.

На неодамнешните претседателски избори одржани на 14 мај, Ердоган влезе во изборната трка со Кемал Киличдароглу, Синан Оган и Мухарем Инџе, кој подоцна се повлече од кандидатурата.

Поради тоа што не го достигнаа прагот од 50 отсто плус еден глас, Ердоган и Киличдароглу учествуваа во вториот круг на 28 мај.

Според неофицијалните резултати во вториот круг од претседателските избори, Ердоган, кој доби над 27,7 милиони гласови, собра над 52,1 отсто од гласовите за повторно да стане претседател.

AA
Популарни