Ердоган: Ќе изградиме нови домови и ќе им ги предадеме на нашите граѓани / Photo: AA

Денеска започна изградбата на станбените згради во 11 јужни области во Туркије погодени од земјотресите, а Ердоган присуствуваше на собирот во Кахриманмараш, областа која најтешко е погодена од февруарската катастрофа.

„Земјотресот можеби ги уништи нашите домови и ни нанесе болка, но оваа катастрофа нема да ја одземе нашата желба за успех, одлучноста да го оствариме „Векот на Туркије““, порача Ердоган.

Тој рече дека во Кахриманмараш ќе бидат изградени 77.057 станови и 30.310 куќи кои се срушени во земјотресот.

„Во рок од година дена ќе изградиме и нови домови и ќе им ги предадеме на нашите граѓани кои на тоа имаат право по земјотресите“, рече Ердоган.

Истакнувајќи дека Туркије одново ќе го гради она што е срушено во земјотресите и поплавите, Ердоган рече дека повторно ќе бидат изградени сите урнати објекти, вклучувајќи ги и деловните згради, училишта, болници и индустриските зони.

Ердоган им оддаде почит и на сите загинати како последица на катастрофите на југот на Туркије и порача дека Туркије ќе работи уште понапорно и уште подобро поради поднесената жртва.

Истакнувајќи дека веќе почнала изградбата на околу 18.000 станбени единици, Ердоган рече дека во рок од година дена ќе бидат изградени 319.000 такви единици, а дека вкупно ќе бидат изградени 650.000 станбени единици.

AA
Популарни