Erdoğan zotohet të rindërtojë rajonin jugor të Türkiyes / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган уште еднаш изјави дека турските власти ќе направат сѐ што е потребно да им помогнат на луѓето во областите погодени од разорните земјотреси на југот на Туркије.

Ердоган денес ги посети погодените жители од земјотресите кои претстојуваат во Студентскиот дом во квартот Бујукчекмеџе во Истанбул.

„Нашата цел е за година дена да го кренеме на нозе регионот погоден од земјотресите со изградба на 319 илјади домови со целата потребна инфаструктура и општествените и деловните објекти, односно вкупно 650 илјади домови“, рече Ердоган.

Посочи дека во последните месец и половина по денот на земјотресот завршиле со операциите за пребарување и спасување, извршиле дистрибуција на итната помош и брзо ги отстраниле урнатините.

Ердоган додаде дека продолжуваат со изградбата на привремените објекти за сместување како и со изградба на постојаните домови.

Ердоган потсети дека граѓаните на Туркије беа со страданите во земјотресите од првиот ден.

„Исто така, никогаш нема да ја заборавиме меѓународната помош, посебно во пријателските и братските држави“, рече Ердоган.

Ердоган истакна дека во изминатите денови ги посетиле градовите погодени од земјотресите каде присуствуваа на церемониите на почетокот на изградба на новите станбени згради.

„Ќе работиме деноноќно додека не го обновиме Кахраманмараш, Хатај, Адијаман, Малатија, Газиантеп и сите наши други градови кои претрпеа штета во земјотресите“, рече турскиот претседател Ердоган.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија јужните делови на Туркије на 6 февруари со епицентар во Кахраманмараш.

Бројот на загинати во разорните земјотреси што минатиот месец го погодија југот на Туркије достигна 50.096. Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије погодени се од разорните земјотрси, како и многу други на северот на Сирија.

TRT Balkan / агенции
Популарни