Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) Антонио Гутереш изјави дека ќе се состане со претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган и со претседателот на Украина Владимир Зеленски во украинскиот град Лавов на 18 август.
Гутереш на 20 август, по состанокот со претседателите на Туркије и Украина, ќе го посети Заедничкиот центар за координација (JCC) во Истанбул, формиран како дел од историскиот договор за надзор на договорот за обнова на украинските испораки на жито.
Со посредство на Туркије и Обединетите нации, Украина и Русија на 22 јули во Истанбул потпишаа договор за обнова на украинските испораки на жито од три црноморски пристаништа. Според договорот, воспоставен е координациски центар за спроведување на заеднички инспекции на влезовите и излезите од пристаништата, обезбедувајќи безбедност на рутите. Првиот брод исплови на 1 август.
Заедничкиот центар за координација во Истанбул официјално почна да функционира на 27 јули, а се состои од претставници на три држави и Обединетите нации.
Како резултат на договорот, од првото испловување на 1 август, досега вкупно 21 брод со жито ги напушти украинските пристаништа.