16 земји поставиле 34 теренски болници во подрачјата погодени од земјотресите       Фото: АА

Министерството за надворешни работи на Туркије ги сподели најновите податоци за хуманитарната помош што пристигна во земјата под координација на странските мисии по силните земјотреси што ја погодија земјата на 6 февруари.

Министерството од својот твитер-профил објави соопштение со инфографика во која е вклучена и хуманитарната помош.

Според ова, 16 земји поставиле 34 теренски болници во подрачјата погодени од земјотресите, а во Туркије досега се пристигнати 179.655 шатори, 2.076 контејнери за привремено сместување и 2.075 мобилни хигиенски единици.

Во рамките на хуманитарната помош, во Туркије пристигнаа 1.879.145 ќебиња, 269.747 вреќи за спиење, 96.462 кревети, 33.810 генератори, 7.488 тони облека, 4.109 тони медицински средства за хигиена и 6.908 тони храна.

AA
Популарни