Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изрази жалење поради експлозиите на пејџерите во Либан, истакнувајќи дека обидите на Израел да шири конфликти во регионот се екстремно опасни.
За време на телефонскиот разговор со либанскиот премиер Наџиб Микати, Ердоган изрази жалење за нападот преку пејџерите и упати молитви за оние што ги загубија животите, а на повредените им посака брзо закрепнување, се наведува во соопштението на турската Дирекција за комуникации.
Ердоган истакна и дека обидите на Израел да шири конфликти во регионот се екстремно опасни и дека ќе продолжат напорите за запирање на израелската агресија.
Вчера најмалку девет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во масовна експлозија на пејџери - уреди за комуникација, во различни делови на Либан, истакна либанскиот министер за здравство Фирас Ал-Абиад.
Хезболах потврди дека најмалку двајца припадници загинале, а многумина се повредени во масовната експлозија и дека го смета Израел за целосно одговорен за инцидентот и вети „одмазда од подеднакви размери од неочекувани места“ на Израел.
Експлозиите на пејџерите се случија во време на зголемени погранични ескалации меѓу Израел и Хезболах, кои разменуваат прекуграничен оган од почетокот на смртоносната војна на Тел Авив во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година загинаа над 41.200 луѓе, главно жени и деца.