Ердоган ги прими палестинскиот претседател и лидерот на движењето Хамас / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Претседателската палата во Анкара ги прими палестинскиот претседател Махмуд Абас и шефот на Политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије.

Трилатералната средба на Ердоган со палестинскиот претседател и шефот на Политичкото биро на Хамас, кои се во официјална посета на Туркије, беше затворена за медиумите.

Ердоган, со највисоки државни почести, вчера во Анкара го пречека палестинскиот претседател Абас.

AA
Популарни