Ердоган: Глобалната криза го потврди здравиот економски пристап на Туркије

Ердоган: Глобалната криза го потврди здравиот економски пристап на Туркије

„Се движиме чекор по чекор кон целта да ја поставиме нашата земја меѓу првите 10 економии во светот.“
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека секоја глобална криза потврдила дека економскиот пристап на Туркије е коректен, реален и здрав.     Фото: АА

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека секоја глобална криза потврдила дека економскиот пристап на Туркије е коректен, реален и здрав.

Говорејќи на Самитот за економска трансформација и нови парадигми во Истанбул, Ердоган рече дека светот се обидува да ги разбере и да се приспособи на новите предизвици што ги носат пандемијата и војната во Украина, но дека Туркије веќе има искуство со овие предизвици.

„Туркије создаде нов пат анализирајќи ги случувањата, можностите и предизвиците во светот и во нејзиниот регион на најдобар можен начин“, рече Ердоган и додаде:

„Неправедните и незаконските политички и економски санкции против нашата земја нѐ принудија да го следиме овој пат. Додека го прави ова, Туркије никогаш не се отцепи од глобалната и локалната реалност, величествената акумулација на економски теории и вековни богати искуства.“

Турскиот претседател рече и дека со механизмите и мерките што ги создале, ги спречиле овие замки.

Ердоган истакна дека Туркије го формира својот економски модел заснован на раст со инвестиции, производство, вработување, извоз и вишок на тековната сметка.

„Додека светот претрпува негативни стапки на раст, па дури и рецесија, Туркије ќе продолжи да расте благодарение на својата програма“, додаде Ердоган.

„Се истакнавме со нашата силна инфраструктура, квалификувани млади човечки ресурси и флексибилни деловни модели против нарушувањата во традиционалните синџири на производство и снабдување во светот“, изјави Ердоган, нагласувајќи:

„Се движиме чекор по чекор кон целта да ја поставиме нашата земја меѓу првите 10 економии во светот.“

AA
Популарни