Ердоган го критикуваше Израел поради нападот на болницата во Газа / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го критикуваше Израел поради неговите воздушни напади кои погодија болница во Појасот Газа, во кои загинаа над 500 лица.

„Напад врз болница во која има жени, деца и невини цивили е најновиот пример за нападите на Израел без основни човечки вредности“, рече Ердоган во објавата на платформата X.

„Го повикувам целото човештво да преземе акција за да ја спречи невидената бруталност на Израел во Газа“, додаде тој.

Инаку, повеќе од 500 луѓе беа убиени во израелски воздушен напад врз баптистичката болница Ал-Ахли во Газа, изјави за Анадолу портпаролот на Министерството за здравство, Ашраф ал-Кудра.

Снимките покажаа трупови расфрлани низ болницата.

Палестинската група Хамас нападот на болницата од страна на Израел го опиша како „геноцид“.

TRT Balkan / агенции
Популарни