Ердоган го осуди нападот врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран / Photo: AA

Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, остро го осуди „грозоморниот напад“ врз Амбасадата на Азербејџан во Техеран, во кој загина шефот на обезбедувањето на дипломатската мисија.

„Го изразуваме нашето сочувство до нашите азербејџански браќа и им посакуваме брзо закрепнување на ранетите“, напиша Ердоган на Твитер.

„Туркије стои зад својот драг пријател и брат Азербејџан“, додаде турскиот претседател.

Вооружен напаѓач со автоматско оружје упадна утрово во зградата на Амбасадата во Техеран, соопштија официјални претставници.

Во нападот загина шефот на безбедносната служба на Амбасадата, додека двајца чувари се повредени.

Инцидентот се случи околу 8:30 часот по локално време кога вооружен маж отвори оган кон чуварите на Амбасадата во северен Техеран, соопштија локални извори.

„Напаѓачот веднаш е уапсен од безбедносните сили“, изјави началникот на полицијата на Техеран, Хусеин Рахими, за медиумите на местото на нападот, потврдувајќи ја смртта на едно лице.

TRT Balkan / агенции
Популарни