Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го посети турскиот град Хатај, а во таа пригода најави дека во овој град ќе бидат изградени близу 200.000 станбени единици.
Ердоган го посети јужниот турски град Хатај, една од 11 турски градови тешко погодени од разорните земјотреси на 6 февруари. Говореше за плановите на изградба на станбените објекти по катастрофалните земјотреси.
„Во наредниот период во секоја прилика ќе доаѓаме во нашиот град и лично ќе следиме како напредуваат работите“, рече Ердоган и додаде:
„Иако ќе биде јасно дури кога работите на проценката на штетата ќе бидат завршени, планираме да изградиме 183.000 станбени единици и 15.000 куќи во Хатај.“
Ердоган ја сподели информацијата за тоа што досега е направено во регионите погодени од земјотресите.
„Во подрачјата погодени од земјотресите досега поставивме 426.000 шатори, во два месеци планираме да поставиме 100.000 контејнери“, истакна Ердоган.