Законот што го одобри турскиот парламент во врска со протоколот за пристапување на Шведска во Северноатлантската алијанса (НАТО) беше објавен во четвртокот во Службениот весник на Туркије, со што беше финализирана ратификацијата, соопшти Дирекцијата за комуникации.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган го потпиша претседателскиот декрет за пристапување на нордиската земја во воениот сојуз и го одобри соодветниот протокол. Законот сега стапи на сила.
По расправата за предлог-законот за одобрување на протоколот за прием на Шведска во НАТО во турскиот парламент, во вторникот, предлог-законот беше одобрен од 287 од вкупно 346 пратеници кои учествуваа во гласањето, додека 55 пратеници гласаа „против“, а четворица беа „воздржани“. "".
Приемот на нова членка бара едногласна поддршка од сите членки на НАТО, а Унгарија сега е единствениот сојузник што не го ратификуваше приемот на Шведска.
Финска и Шведска, двете нордиски земји блиски или граничи со Русија, аплицираа за членство во НАТО веднаш откако Русија ја започна својата војна против Украина во февруари 2022 година.