Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
Средбата се одржа на аеродромот Есенбога во Анкара, главниот град на Туркије, зад затворени врати.
На средбата присуствуваа и министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, директорот за комуникации на претседателот Фахретин Алтун, секретарот на претседателот и амбасадор, Хасан Доган, како и главниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот, Акиф Чагатај Килич.
На состанокот присуствуваа и членовите на американската делегација, која ја претставуваа заменик потсекретарот за политички прашања на американскиот Стејт департмент, Џон Бас, и вршителот на должноста на американската амбасада во Анкара, Мајкл Голдман.
Најавено е дека Блинкен, кој го посети Јордан пред да дојде во Турција, во петок ќе се сретне со турскиот министер Фидан.
Се очекува посетата на Блинкен да биде фокусирана на процесот на транзиција по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија и политичкиот процес во земјата, како и можниот договор за прекин на огнот во Газа, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.
Фидан и неговиот американски колега Блинкен телефонски разговарале за последните случувања во Сирија на 7 и 10 декември.