Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, го прими на средба американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Средбата се одржа во палатата Вахдетин во турскиот град Истанбул, и беше затворена за медиумите.
На средбата беа присутни министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, шефот на Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ), Ибрахим Калин, и американскиот амбасадор во Анкара, Џефри Флејк.
Блинкен, во рамки на посетата на Туркије, во текот на денот оствари тет-а-тет средба и со шефот на турската дипломатија, Фидан.
AA