Ердоган изјави дека Туркије внимателно го следи случајот за геноцид покренат против Израел пред Меѓународниот суд на правдата и дека ќе интервенира / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, рече дека со приближувањето на зимата, условите во Газа стануваат се потешки, а болестите се во пораст и затоа треба да се вложат повеќе напори за зголемување на хуманитарната и медицинската помош за Палестинците од енклавата.

Дирекцијата за комуникации на турското претседателство соопшти дека Ердоган се сретнал со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш на маргините на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За време на средбата, Ердоган изјави дека геноцидот што го изврши Израел на палестинските територии е нов извор на срам за човештвото и дека меѓународната заедница треба да биде обединет глас за да се запрат израелските масакри.

Претседателот Ердоган изјави дека Туркије внимателно го следи случајот за геноцид покренат против Израел пред Меѓународниот суд на правдата и дека ќе интервенира.

Во контекст на кипарското прашање, Ердоган му рече на Гутереш дека страната на кипарските Турци сака гаранција за нивните права, како што се суверена еднаквост и еднаков меѓународен статус.

Ердоган, исто така, рече дека на состанокот под покровителство на ОН со учество на страните може да се разговара за можни решенија, освен за моделот на федерацијата, и дека признавањето на Турската Република Северен Кипар ќе биде клучот за решение што ќе ја земе во предвид реалната состојба на островот.


AA
Популарни