Ердоган: Хуманитарна должност е да ставиме крај на убијците на жени и деца / Photo: AA

Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган изјави дека во светот се молчи за она што терористичката организација ПКК го прави на територијата на Туркије.

„Да убиваше терористичката организација наставници, деца, било каде во светот, како што ЈПГ/ПКК направи во Туркије, за тоа би се зборувало со месеци“, рече Ердоган обраќајќи се на програмата одржана во Истанбулскиот конгресен центар по повод Меѓународниот ден на борбата против насилство врз жените.

„Мораме да го подигнеме нивото во оваа борба (против насилството врз жените), бидејќи никогаш не смееме да дозволиме една жена да биде изложена на насилство, а камоли да биде жртва на убиство“, порача Ердоган и додаде:

„Ако не ставиме крај на убијците на жени и деца, ние тогаш не сме во состојба да ја исполниме нашата најоснова хуманитарна должност, а камоли нашата одговорност да управуваме со државата.“

Тој се осврна и на терористичката организација ПКК, поконкретно на последните напади на оваа терористичка група на подрачјето на Туркије.

„Каде се глобалните организации за човекови права?, запраша турскиот претседател, додавајќи: „Дали некогаш доаѓаат и ги посетуваат мајките во Туркије чии деца ги киднапираше терористичката организација ПКК?“

AA
Популарни