Претседателот на Република Туркије Реџеп Таип Ердоган разговараше за билатерални и регионални прашања со претседателот на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед Ал Нахјан.
Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Туркије соопшти дека Ердоган и Ал Нахјан имале телефонски разговор за актуелната ситуација во израелско-палестинскиот конфликт.
Во соопштението се наведува дека турскиот претседател Ердоган му рекол на својот колега Ал Најхан дека деескалација на тензиите во израелско-палестинските односи е можна со позитивни чекори од меѓународната заедница, пред се од земјите од регионот.
AA