Во присуство на претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, започна изградбата на гасоводот од турски Игдир до азербејџанската ексклава Нахчиван.
Ердоган, кој на покана на Алиев е во еднодневна посета на Нахчиван, претходно имаше средба со претседателот на Азербејџан.
По средбата двајцата лидери преку видеолинк испратија пораки во врска со почетокот на изградбата на гасоводот.
Ердоган и Алиев заеднички го притиснаа копчето за почеток на изградбата на гасоводот од Игдир, Туркије, до Нахчиван, Азербејџан.
AA