Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев разговараа за последните случувања во Сирија, соопшти Дирекцијата за комуникации на Туркије, јавува Анадолу.
Ердоган и Алиев телефонски разговараа за регионални и глобални прашања.
Ердоган истакна дека Туркије ќе продолжи да го поддржува сирискиот народ за воспоставување трајна стабилност во нивната земја.
Алиев од своја страна го изрази своето задоволство од новонастанатата ситуација во Сирија.
Башар ал Асад, лидер на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск рано во неделата, ставајќи крај на владеењето на партијата Баас, што беше на власт во Сирија од 1963 година.
AA