Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со Мохамед бин Салман, престолонаследникот на Саудиска Арабија.
Во соопштението на Дирекцијата за комуникации на турскиот претседател објавено вчера, се наведува дека двајцата лидери разговарале за геноцидот што Израел го врши на палестинските територии, како и за регионални и глобални прашања.
Ердоган особено ја истакнал важноста од зголемување на притисокот на меѓународната заедница врз Израел поради злосторствата против човештвото извршени на палестинските територии, особено во Газа.
„Претседателот Ердоган истакна дека израелските напади и кршењето на човековите права мора да се запрат и да се воспостави траен прекин на огнот, осврнувајќи се на важноста од заедничка акција по ова прашање“, се вели во соопштението.