Состанокот во Турската куќа, специјалното дипломатско седиште на Туркије во Њујорк, се одржа на маргините на 79-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и либанскиот премиер Наџиб Микати одржаа разговори зад затворени врати во САД.

Ердоган изјави вдека неговата земја стои на страна на Либан додека ја повика меѓународната заедница да преземе чекори против Израел.

Состанокот во Турската куќа, специјалното дипломатско седиште на Туркије во Њујорк, се одржа на маргините на 79-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Меѓународната заедница мора итно да спроведе решение што ќе ја запре израелската агресија“, му рекол Ердоган на Микати, според Директоратот за комуникации на Туркије.

Посочувајќи дека Израел „не ги почитува фундаменталните човекови права и врши геноцид пред светот“, Ердоган рече: „Запирање на ова и ставање крај на хуманитарната криза што произлезе од нападите е хуманитарна должност“.

Не беа објавени дополнителни информации за состанокот, кој се одржа по неколкудневните израелски бомбардирања во Либан во кои загинаа стотици луѓе, а илјадници беа повредени.

Израел од понеделник наутро започна бранови смртоносни воздушни напади во Либан, при што според либанските здравствени власти загинале речиси 610 луѓе, а повеќе од 2.000 се ранети.

Прекуграничните судири меѓу Израел и либанската група Хезболах започнаа по израелската офанзива на Појасот Газа, во која беа убиени околу 41.500 Палестинци, главно жени и деца.

AA
Популарни