Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес телефонски разговараше со неговиот француски колега Емануел Макрон за конфликтот меѓу Израел и Палестина.
Турскиот Директорат за комуникации соопшти дека двајцата лидери разговарале за хуманитарната ситуација во регионот поради ескалацијата на израелско-палестинскиот конфликт, како и за напорите и неопходните чекори потребни за враќање на мирот.
Ердоган нагласил дека кршењето на човековите права над невините цивили во Газа е неприфатливо и дека Туркије вложува напори да им достави помош.
Се додава дека Ердоган ја истакнал важноста за преземање на чекори од страна на западните земји за намалување на тензиите и воздржување од чекори кои не придонесуваат за мирот.
Тој ја повика меѓународната заедница да ги сослуша предлозите на Туркије засновани на дводржавното решение за трајно решавање на судирот.
„Доколку се пристапи искрено би можело се пронајде решение што ќе донесе олеснување и за регионот и за светот“, му рече Ердоган на својот француски колега.
Ситуацијата во Појасот Газа ескалираше по нападите на палестинската група Хамас врз израелските градови во саботата.
Военото крило на Хамас, бригадите Ал-Касам, во саботата наутро започна сеопфатна операција наречена „Поплава Акса“
Израел возврати со масовни воздушни напади врз Газа.
Бројот на загинати Палестинци во израелското бомбардирање на Газа достигна 1.537, додека 6.612 лица се повредени.
Најмалку 1.300 Израелци загинаа, а 3.300 се повредени во нападите од Газа.