Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и италијанската премиерка Џорџија Мелони се сретнаа во средата во Њујорк и разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток и Украина.
Ердоган, кој престојува во Њујорк на 79. Генерално собрание на Обединетите нации (ГСОН), се сретна со Мелони, соопшти Дирекцијата за комуникации на Кабинетот на претседателот на Туркије.
„Главниот фокус на состанокот беше сè потешката ситуација на Блискиот Исток, како и заедничката посветеност за поддршка на територијалниот интегритет на Украина и стремежот кон праведен и траен мир“, беше објавено.
Беше повторена заедничката желба за што поскоро одржување на самит и бизнис форум на двете влади со цел дополнително зајакнување на билатералните односи.
AA