Сите земји треба да го кренат својот глас против оваа хуманитарна трагедија, рече Ердоган / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во четвртокот телефонски разговарале за конфликтот меѓу Израел и палестинската група Хамас и кршењето на човековите права.

Ердоган, како што соопшти Дирекцијата за комуникации, рече дека израелските напади врз Газа, кои немаат оправдување во ниту еден свет текст, достигнале ниво на масакр и дека е срамно што меѓународната заедница замижува пред нив.

Тој истакна дека сите земји треба да го кренат својот глас против оваа хуманитарна трагедија.

„Во регионот кој е домаќин на светите места на трите аврамски религии, траен мир може да се постигне само преку воспоставување на независна, суверена соседна палестинска држава со главен град во Источен Ал-Кудс/Ерусалим врз основа на границите од 1967 година, му рекол Ердоган на папата.

Тој ги истакна значајните напори на Туркије за доставување хуманитарна и медицинска помош во Газа и ги повика сите активно да ги поддржат овие напори за да се обезбеди непречена испорака на помош до невините цивили.

Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.

Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа загинаа 6.546 Палестинци, од кои 2.704 деца, 1.584 жени и 364 постари лица.

Од друга страна, околу 1.400 Израелци загинаа во конфликтот.

AA
Популарни