Претседателот на Туркије Реџеп Таип Ердоган разговараше телефонски со рускиот претседател Владимир Путин.
Како што е соопштено од Дирекцијата за комуникации при кабинетот на претседателот на Туркије, двајцата челници разговараа за текот на војната на Русија и Украина.
Ердоган и Путин разговараа и за коридорот за жито и прашањата за извозот на амонијак.
Разговарано е за конкретни чекори во рамките на проектот за извоз на руско жито и обработка во брашно во Туркије и испраќање на брашното во африканските држави во потреба.
Во текот на разговорот, турскиот претседател Ердоган повторил дека Туркије е спремна да презеде задача на олеснување и посредување за воспоставување траен мир помеѓу Русија и Украина.
TRT Balkan / агенции