Ердоган и Путин разговараа за билатерални и регионални теми / Photo: AA Archive

Претседателот на Туркије, Реџеп Тип Ердоган, телефонски разговараше со рускиот колега Владимир Путин и договори детали за Путиновата посета на Анкара.

Дирекцијата за комуникации на Претседателството на Туркије објави дека Ердоган во телефонскиот разговор му се заблагодарил на Путин за испраќањето на руските канадери за помош во гаснењето на шумските пожари во Туркије.

Во соопштението се наведува дека Ердоган рекол дека расте интересот на руските туристи за одмор во Туркије и дека со заеднички напори оваа сезона ќе бидат урнати многу рекорди во тој сектор.

Истакнувајќи дека не треба да се преземаат чекори за ескалација на тензиите во руско-украинската војна, Ердоган го нагласи значењето на Црноморската иницијатива, која ја смета за мост на мирот.

Ердоган порача и дека долгорочната суспензија на Црноморската иницијатива за извоз на жито никому не му користи и дека најмногу ќе страдаат земјите со ниски приходи, на кои им е потребно жито.

Претседателот на Туркије укажа и на фактот дека цената на житото во текот на имплементацијата на Црноморската иницијатива е намалена за 23%, а во последните две недели по суспензијата на Иницијативата, цената е зголемена за 15%.

Ердоган најави дека неговата земја ќе продолжи да вложува интензивни дипломатски напори за продолжување на Црноморската иницијатива.

TRT Balkan / агенции
Популарни