Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска разговараа за билатералните односи, како и за глобалните и регионалните прашања, соопшти турскиот Директорат за комуникации.
Изразувајќи го своето задоволство од развојот на турско-руските врски, Ердоган рече дека политичкиот дијалог на високо ниво меѓу двете земји ќе продолжи.
Тој рече дека во наредниот период во различни прилики детално ќе разговараат и за регионалните и за глобалните прашања.
Претседателот Ердоган, исто така, му го честиташе роденденот на Путин.
TRT Balkan / агенции