Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Туркије вложува интензивни напори во испораката на хуманитарна помош во Газа. Ердоган телефонски разговарал со иранскиот претседател Ебрахим Раиси. Двајцата разговарале за конфликтот меѓу Израел и Палестина, за растечката тензија во регионот и за чекорите што треба да се преземат за решение, се наведува во соопштението на Канцеларијата за комуникации на турското претседателство. Ердоган истакна дека што поскоро завршување на конфликтот е важно за регионалниот и светскиот мир, дека Туркије вложува интензивни напори во доставувањето хуманитарна помош во Газа. Тој додаде дека треба да се избегнуваат чекори кои ја зголемуваат тензијата и дека позитивните чекори преземени од двете страни за прашањето на Израел и Палестина може да доведат до трајно решение.
16 окт 2023
Ердоган и Раиси разговараа за израелско-палестинскиот конфлик
Позитивните чекори преземени од двете страни за прашањето на Израел и Палестина може да доведат до трајно решение на проблемот, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во разговор со иранскиот претседател Ебрахим Раиси
AA
Поврзани новости
Црвен крст: Неприфатливо е цивилите да немаат безбедно место во Газа
Длабоко сум загрижена за тешката ситуација на цивилите, неприфатливо е да немаат безбедно место каде може да заминат во Газа, а соодветната хуманитарна интервенција во моментов не е можна поради воената опсада, изјави претседателката на Црвениот крст
Написи во тренд во оваа категорија
Што друго би сакале да знаете?
Популарни